Без повредените Боломбој и Недовиќ, како и Филип Петрушев кој немаше право на настап, Црвена Звезда доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Реал Мадрид.
Шампионот на Шпанија славеше со 95-72 за трет триумф во Евролигата оваа сезона со што се израмни со својот вечерашен противник. Со скратена ротација, Звезда не можеше да издржи ни десет минути, а на крајот одлучи да ги чува силите за претстојната напорна недела во која прво ја очекува гостување во Задар, а потоа и дуели со Жалгирис во Каунас и европскиот првак Панатинаикос на домашен терен.
Прво име на натпреварот беше поранешниот играч на Звезда, Факундо Кампацо кој немаше промашување (1/1 за два, 1/1 за три, 8/8 од линијата за слободни фрлања), плус 6 асистенции и 3 скока за индекс 30. Реал сега е во најдолга триумфална серија оваа сезона бидејќи денешната победа против Звезда беше трет по ред, сметајќи ги сите натпреварувања.
РЕЗУЛТАТИ
Монако – Париз 80-87
Жалгирис – Макаби 78-63
Басконија – Алба 80-57
Олимпија Милано – Анадолу Ефес 84-96
Реал – Црвена Звезда 95-72


