Повремениот шпански репрезентативец Хуан Нуњез од денеска официјално е играч на Барселона откако потпиша тригодишен договор со каталонскиот клуб.
Најинтересен дел од неговиот трансфер од Улм е тоа што се работи за производ на школата на Реал Мадрид во чиј прв тим дебитираше во 2021 година и освои една шампионска титула во шпанското првенство. Поради огромната конкуренција на плејмејкерската позиција, во 2022 беше принуден да го напушти матичниот клуб и се пресели во Германија каде со Улм триумфираше во Бундеслигата и го стекна неопходното искуство.
Во тимот на Улм, Нуњез просечно постигнуваше по 9,6 поени, 4,7 асистенции и 3,5 скока, а уште подобри бројки бележеше во Еврокупот каде минатата сезона настапуваше германскиот тим.
Медиумите во Мадрид злобно забележаа дека Нуњез е донесен во Барса затоа што е момче на една од ќерките на генералниот менаџер и легенда на клубот, Хуан Карлос Наваро.


