Екипата на Детроит Пистонс израмни на 1-1 во плејоф серијата со Орландо откако ноќеска на домашен терен славеше со 98-83.
Тоа беше прва победа на домашен терен во плејоф натпревар за тимот од Мичиген по пауза од 18 години, односно по 2008. Во овој период, Пистонс загубија 11 натпревари пред своите навивачи што е најдолга серија во историјата на НБА лигата. Од таа 2008 година, Детроит само четири пати играше во плејофот, трипати загуби со 0-4, а лани со 2-4 од Њујорк, но двете победи ги оствари на теренот на противникот.
Кејд Канингем имаше 27 поени, 11 асистенции ги предводеше Пистонс, а клучна беше третата четвртина, која Детроит ја доби убедливо, со 38-16. За разлика од првиот натпревар каде што беше сам, Канингем овој пат имаше одлична поддршка од своите соиграчи – Тобајас Херис постигна 16 поени, Џејлен Дурен и Аусар Томпсон имаа по 11, а Данкан Робинсон и Ајзеа Стјуарт по 10. Од друга страна, Џејлен Сагс постигна 19, а Паоло Банкеро 18 поени за Меџик, но тимот беше ограничен на ниски 33 проценти шут од поле.
🏆 PLAYOFF BRACKET 🏆
— NBA (@NBA) April 23, 2026
▪️ The Pistons even the series, 1-1
▪️ The Thunder take a 2-0 series lead
The NBA Playoffs presented by @Google continue Thursday with 3 games on Prime! pic.twitter.com/cfTHje0Lai
Во вториот ноќешен меч, Оклахома на крилјата на Шеј Гилџес Александер го совлада Феникс со 120-107 и поведе со 2-0 во серијата. Канаѓанецот постигна 37 поени со шут од игра 13/25, откако пред мечот му беше доделено признанието за најдобар „clutch“ играч на сезоната.
РЕЗУЛТАТИ
Оклахома – Феникс 120-107 (2-0)
Детроит – Орландо 98-83 (1-1)


