Еден од најсериозните кандидати за титулата во АБА 2 лигата и пласман во повисок ранг Војводина се соочува со големи проблеми во пресрет на последните две кола од основниот дел на сезоната во ова натпреварување.
Во текот на денешниот ден, дури деветмина кошаркари се пожалиле на болки во стомакот, како последица на труење со храна и сите завршиле на инфузија. Сето ова се случува во ист ден кога Борац од идентични причини не се појави на теренот на натпреварот со Хелиос и службено го загуби натпреварот. Наводно, кошаркарите на Борац, Војводина, како и Спартак се хранеле на исто место и таму фатиле стомачен вирус.
Војводина утре ја очекува дуел со македонскиот претставник ТФТ и засега е нејасно во каква состојба ќе биде екипата за овој натпревар. За тимот од Нови Сад, последните две кола се од огромно значење во борба за највисок пласман, а покрај ТФТ, игра и со директниот ривал за првото место Златибор.


