Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ нема посериозна повреда иако не го доврши квалификацискиот натпревар против Литванија во неделата.
Неговиот клуб Олимпија Милано соопшти дека тој ги минал лекарските прегледи и кај него не е забележана посериозна повреда. И тој самиот по дуелот со Литванија рече дека почувствувал само грч, но до вчера не тренираше со својата екипа.
Откако ги помина прегледите, Димитријевиќ ќе игра против Фенербахче во претстојното коло од Евролигата. Дуелот е на програмата утре од 18:45 часот во Истанбул.


