Италијанскиот првак Олимпија Милано ја продолжи агонијата на Реал Мадрид оваа сезона кога станува збор за натпреварите на гостински терен во Евролигата.
Пред своите навивачи, тимот од Милано го победи актуелниот европски вицепрвак со 85-76, но конечниот резултат не ја одразува вистински ситуацијата на теренот бидејќи домаќините во последната четвртина водеа и со 22 разлика (80-58) пред да се опуштат и д му дозволат на Реал да се избори за пристоен пораз. На пет меча на гостински терен оваа сезона во Евролигата, мадридскиот гигант има исто толку порази и со биланс 3/5 се наоѓа на 13. место на табелата.
Прва ѕвезда на денешниот натпревар беше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој против најтрофејниот клуб во Евролигата го одигра својот натпревар во елитното натпреварување. За 26 минути, тој постигна 22 поена, плус еден скок и една асистенција, а реализира четири тројки од кои две во финишот на првото полувреме со кои Олимпија Милано отиде на висока предност.
Ова беше и најефикасен настап на Димитријевиќ во неговата прва сезона во Евролигата. Досегашен личен рекорд му беа 15 поени против Басконија, а со овој ефект стигна до просек од 10 поени на натпревар.


