Иако во неделата вечер се беше подготвено за трансферот на Нико Манион од Варезе во Олимпија Милано, зделката пропадна откако двата клуба не успеаја да се договорат за висината на отштетата.
Во текот на летото, откупната клаузула за Манион изнесуваше 125 илјади евра, таа сума не важеше за почетокот на новата сезона, но од Олимпија Милано беа расположени да понудат нешто повеќе за да го добијат италијанскиот репрезентативец во своите редови. Студен туш дојде од Варезе чиј менаџмент побара неверојатни 600 илјади евра што е премногу дури и за богатиот италијански шампион.
Сега трансферот е можен само ако Манион инсистира на тоа, но во таков случај ќе мора и тој да се откаже од дел од парите кои му следуваат, односно да игра за Олимпија Милано за помала плата. Минатата недела тој ги договори личните услови со раководството на шампионот поради што се очекуваше работата да биде завршена.
Пропаѓањето на преговорите со Манион се добра вест за Ненад Димитријевиќ кој и натаму останува главен органзиатор на играта на Олимпија Милано и покрај тоа што на истата позиција се Леандро Болмаро и Диего Флакадори.


