По две одиграни кола, македонската репрезентација има причини за задоволство од прикажаното, особено од двајцата најдобри играчи во тимот.

Ненад Димитријевиќ го заврши февруарскиот прозорец на ФИБА како најефикасен играч воопшто во квалификациите, пред голем број евролигашки ѕвезди кои настапија за своите репрезентации. Нашиот плејмејкер постигна вкупно 57 поени или во просек по 28,5 по натпревар со што го остави зад себе Клемен Препелиќ од Словенија со 51. Итан Хап е на 15. место на листата на стрелците со 37 поени.

Затоа, новиот натурализиран Македонец е најдобар блокер, заедно со Тригви Хилнасон од Исланд. Двајцата имаат по пет блокади, 2,5 по натпревар со тоа што четири од нив, Хап оствари на првиот меч, против Естонија во петокот.

Хап има и највисок вкупен индекс по првите две кола – 61 или во просек 30,5. Димитријевиќ е зад него со 52, но ФИБА пресметува просек, па нашиот центар е на второто, а плејмејкерот на четвртото место. Димитријевиќ го држи рекордот според бројот на постигнати поени на еден натпревар во досегашниот дел од квалификациите со 32, реализирани на вчерашниот меч со Полска.


