Американскиот интернационалец Фреди Гилеспи од денеска официјално е нов играч на Олимпија Милано каде ќе настапува до крајот на оваа сезона.
Такво нешто беше најавено кон крајот на минатата недела, а доби потврда од клубот кој го претстави своето ново засилување. Гилеспи доаѓа во Милано од Нов Зеланд каде сезонава одигра девет натпревари со просек од 6,9 поени, 5,3 скока и 1,8 блокади. Последниот ангажман во Евролигата го имаше минатата натпреварувачка кампања во Црвена Звезда, а играше и во НБА, во екипите на Торонто и Орландо.
Гилеспи е второ засилување за Олимпија Милано овој месец откако претходно екипата ја засили италијанскиот репрезентативец Нико Менион.


