Екипата на Уникс поведе со 1-0 во четвртфиналната серија од плејофот откако на домашен терен го победи Енисеј со 83-73.
Тимот од Казан долго се мачеше да го скрши отпорот на противникот, но на крајот оствари и убедлива победа. Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ погоди 3/8 од игра, но затоа максимално ги разигра своите соиграчи, остварувајќи дури 15 асистенции. Тоа е негов рекорд на кариерата кога станува збор за еден натпревар, а воедно стигна до бројката од 500 асистенции во ВТБ лигата.
Шампионот на ВТБ лигата. ќе биде домаќин и на вториот меч од серијата кој ќе се игра на 25 април. Во оваа фаза се игра до три добиени натпревари.


