Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ повторно е меѓу најдобрите во ВТБ лигата.
Петти пат оваа сезона, тој е избран во идеалната петорка на неделата, овојпат скратена, за периодот од 29 февруари до 3 март. Димитријевиќ заслужи место во топ-5 благодарение на изданието против Локомотив Кубан на мечот на кој постигна 23 поени и индекс 18.

Денеска пред Димитријевиќ и неговиот Уникс е дербито на ВТБ лигата против ЦСКА на чија клупа е уште Македонец, Емил Рајковиќ.


