Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ ја прослави првата победа во првенството на Италија откако денеска со Олимпија Милано триумфираше против Сасари со 100-75.
Нашиот плејмејкер повторно, како и во Суперкупот, беше најдобар во својот тим и на фантастичен начин се претстави пред навивачите на Олимпија Милано. За 19 минути во игра, Димитријевиќ постигна 10 поени, 6 асистенции и 5 скока, за индекс 23, највисок на мечот. Зад него, со 21 останаа Зек Ледеј од Олимпија Милано и Брајан Фобс од гостинскиот тим.
По два одиграни натпревари, Олимпија Милано има биланс 1/1, а во третото коло ја пречекува екипата на Бреша која е со максимален ефект досега.


