Италијанскиот првак Олимпија Милано ја оствари втората победа во домашното првенство откако вечерва беше подобар од Бреша со 88-85.
Триумфот ги остави во втор план сите проблеми со кои се соочува составот на Еторе Месина, а очигледно е дека ги има многу во овој период од сезоната. Олимпија Милано долго време беше во негатива, откако го презеде водството отиде и на +12, но му дозволи на гостинот во финишот да се доближи на само два, па и еден поен разлика иако тоа се случуваше во последните секунди. Ова е втора тесна победа за Олимпија во период од два дена откако во петокот на сличен начин го совлада и Париз во Евролигата.
Ненад Димитријевиќ повторно беше најефикасен во тимот со 15 поени, колку што постигна и Шевон Шилдс со тоа што македонскиот репрезентативец имаше подобар индекс, 18.


