Италијанскиот шампион Олимпија Милано денеска гостува кај Басконија во шестото коло од Евролигата, а екипата нема да ја води главниот тренер Еторе Месина.
Причина за тоа е болест поради што искусниот стручњак не беше на клупата ни во дуелот со Наполи во неделата. Неговото место ќе го пополни асистентот Марио Фјорети кој и на претходниот меч беше во улога на прв тренер.
Голем хендикеп ќе биде и неиграњето на Шевон Шилдс кој на спомнатиот натпревар со Наполи доживеа повреда на препоните. Засега е неизвесно дали двајцата ќе бидат на своите „работни места“ за дуелот против Виртус кој се игра в четврток во Милано.


