По фантастичната серија од шест победи, Олимпија Милано сега е во низа од два пораза и на 11. позиција на табелата во Евролигата каде се наоѓа по завршувањето на првата половина од елитното натпреварување.
Вечерва на домашен терен, италијанскиот првак доживеа минимален пораз од Баерн со 78-79 и сега има биланс 9/8, исто како Црвена Звезда и Барселона со тоа што има најслаба кош-разлика во тој круг и затоа е и најслабо пласиран.
Кошот за победа на Баерн го постигна Вајлер-Баб од линијата за слободни фрлања на 11 секунди пред крајот на мечот. Вториот обид го промаши, Олимпија Милано имаше напад за победа, но со истекот на времето Шевон Шилдс не успеа да погоди.
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ на теренот помина 23 минути и постигна 11 поени, 4 асистенции и 2 скока за индекс 15.
РЕЗУЛТАТИ
Анадолу Ефес – Партизан 86-77
Жалгирис – Асвел 72-78
Виртус – Барселона 86-81
Олимпијакос – Алба 90-85
Црвена Звезда – Макаби 81-73
Олимпија Милано – Баерн 78-79


