Актуелниот италијански шампион Олимпија Милано ја заокружи првата недела од подготовките со пријателски меч против Варезе.
Натпреварот беше од затворен карактер и по секоја четвртина се ресетираше резултатот, па нема конечен резултат, туку само резултат по квартали. Олимпија ги доби сите четири, првата со 32-26, втората со 22-12, третата со 28-17, а последната со 30-12.
Овој меч беше прв и за македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ за Олимпија Милано откако во текот на летото се пресели од Русија во Италија. Нашиот кошаркар особено се истакнал во последната четвртина во која, според извештаите, постигнал тројка од 8 метри, 2/2 од линијата за слободни фрлања и флоутер со изнудена лична грешка.
Следниот подготвителен меч, Олимпија Милано ќе го одигра на 4 септември против Тортона на гостински терен.


