Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Александар Јончевски денеска го објави поширокиот список на кошаркари за ноемврискиот „прозорец“ на ФИБА во кој продолжуваат квалификациите за Европското првенство во 2025.
Нашиот национален тим во него ќе се сретне со Литванија, прво на домашен, а потоа и на гостински терен, на 21 и 24 ноември. Јончевски одреди поширок список со 24 имиња од кои ќе ги одбере финалните 12 што ќе се соочат со поранешниот европски шампион.
Интересно е тоа што на списокот се и евролигашките кошаркари Ненад Димитријевиќ и Ти Џеј Шортс кои на 21 ноември, денот кога го играме првиот меч со Литванија, имаат натпревари со своите екипи Олимпија Милано и Париз во Евролигата. Димитријевиќ игра против Макаби Тел Авив во Милано, а Шортс гостува во Истанбул, кај Анадолу Ефес. Како втор странец, тука е Итан Хап кој играше на двата претходни квалификациски натпревари, против Естонија и Полска.
На списокот го нема Андреј Јакимовски кој настапува во НЦАА, а кој во текот на летото го промени колеџот и сега е член на Универзитетот Колорадо.
СПИСОК НА КОШАРКАРИ
Војдан Стојановски
Ненад Димитријевиќ
Андреј Магдевски
Андреј Шошкиќ
Ти-Џеј Шортс
Амар Хот
Ваљмир Какруки
Лејсон Зеќири
Теодор Симиќ
Максим Митевски
Андреј Митревски
Страхил Николов
Лука Стојановски
Бобан Стајиќ
Кристијан Николов
Бојан Крстевски
Адем Мекиќ
Стојан Ѓуроски
Андреј Маслинко
Дамјан Стојановски
Дамјан Робев
Итан Хап
Виктор Ефремовски
Марин Петков


