Италијанскиот шампион Олимпија Милано продолжува со екипирање на составот во пресрет на претстојната сезона, а нов член на тимот е довчерашниот играч на Реал Мадрид, Фабиен Козер.
Французинот вчера официјално си замина од шпанскиот гигант, по седум години поминати во него, а денеска официјално е промовиран во нов играч на Олимпија. Со Реал освои две титули во Евролигата и четири во шпанското првенство, а пред да дојде во Мадрид, настапуваше за Бамберг, Басконија, Шоле и Авр.
Козер е седмо засилување за Олимпија Милано во пресрет на новата сезона, по нашиот Ненад Димитријевиќ, потоа Џош Нибо, Зек ледеј, Леандро Болмаро, Усман Диоп и Армони Брукс.


