Најдобриот играч во македонската репрезентација Ненад Димитријевиќ ги изнесе своите импресии од дуелот против Литванија.
Македонија загуби со 72-94, но конечниот резултат не е реален одраз на она што се случуваше на теренот бидејќи 34 минути нашиот тим беше конкурентен.
„Имаше голема битка, одигравме одлично прво полувреме, дозволивме офанзивни скокови на противникот, но ја контролиравме играта. Во вториот дел не натскокаа и беа подобри од нас во секој сегмент. Ја искористија физичката предност, погодија отворени шутеви, играа на домашен терен и тоа им помогна многу. Литванија е одличен тим и јас им честитам, но се боревме со нив 40 минути и јас сум многу горд на тимот.
Не е важно што постигнав 43 поени, не победивме и затоа не сметам дека ова е најдобар натпревар во мојата кариера. Ситуацијата во европската кошарка е таквга што мораме да брзаме од еден на друг натпревар. Се надевам дека ФИБА и Евролига ќе најдат заедничко решение за доброто на сите.“, рече Димитријевиќ.


