Италијанскиот шампион Олимпија Милано доживеа пораз од Фенербахче во полуфиналниот натпревар од турнирот на Крит кој е главна проверка за тимот пред почетокот на новата сезона.
Турците славеа со 81-76 и во финалето ќе се сретне со Олимпијакос, додека Олимпија ќе игра со својот италијански ривал Виртус во мечот за третото место. Натпреварот беше решен во последната четвртина во која Фенербахче направи пресврт, ја доби со 21-14 и на тој начин дојде до победата.
Најдобар играч кај Олимпија Милано беше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој постигна 14 поени со шут 3/7 за два, 2/7 за три и 2/2 од линијата за слободни фрлања, а додаде уште пет скока и три асистенции.


