На 24 часа пред натпреварот, познат е списокот на кошаркари кои ќе ѝ се спротивстават на Литванија на вториот дуел во период од само три дена.
Единствената промена во однос на мечот во четвртокот е на плејмејкерската позиција бидејќи во националниот тим ќе биде Ненад Димитријевиќ, на местото на Кристијан Николов. Играчот на Пицабулс Џеди Осман се врати во својот тим и неговото отсуство го најави Јончевски пред завчерашниот натпревар.
Сите останати се исти како на првиот дуел со Литванија што значи дека повторно во екипата на плејмејкерот на МЗТ Скопје, Марин Петков.
СОСТАВ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА
Бојан Крстевски
Бобан Стајиќ
Ненад Димитријевиќ
Војдан Стојановски
Адем Мекиќ
Стојан Ѓуроски
Андреј Маслинко
Дамјан Стојановски
Дамјан Робев
Виктор Ефремовски
Лејсон Зеќири
Страхил Николов


