Италијанскиот првак Олимпија Милано денеска го одигра вториот подготвителен натпревар во пресрет на новата сезона и како гостин ја совлада Дертона со 85-72.
Домаќините го диктираа темпото во првото полувреме, водеа со 20-9, а малку работи им поаѓаа од рака на кошаркарите од Милано. Во вториот дел работите си дојдоа на свое место, Олимпија направи пресврт и дојде до победа која има значење од аспект на кревање на атмосферата пред официјалниот почеток на сезоната.
Шампионот на Италија има многу нови кошаркари во тимот, но она што е добро во моментов е што Ненад Димитријевиќ одлично се вклопува во средината. На денешниот натпревар постигна девет поени и седум асистенции, голем дел од нив во важни моменти од мечот.
Пред Димитријевиќ се напорни денови бидејќи утре ќе биде гостин во Загреб на меморијалниот натпревар во чест на Дражен Петровиќ, в петок Олимпија Милано игра нов пријателски меч против Бреша, а в недела против Хапоел Ерусалим.


