Македонската кошаркарска репрезентација одржа тренинг во салата „Швитурио“ во Клаипеда каде што утре ќе се сретне со Литванија во четвртото коло од квалификациите за Европското првенство во 2025 година.

На тимот му се приклучи и Ненад Димитријевиќ кој ќе настапи на утрешниот натпревар. Плејмејкерот на Олимпија Милано синоќа, одвоено од репрезентативците пристигна во Клаипеда и тренираше со своите соиграчи.

Според планот, тренингот од 13 до 15 часот по локалнмо време е единствен за денеска, а репрезентацијата ќе тренира и утре, на денот на натпреварот, од 10:30 до 11:30.


