Да не се случеше повредата на шест минути пред крајот на денешниот натпревар, Ненад Димитријевиќ можеби сега ќе беше рекордер на македонската репрезентација.
Против поранешниот европски шампион, Нено постигна 43 поени за 29 минути на теренот, а малку недостасуваше да го достигне најдобриот ефект, сопственост на некогашниот капитен Петар Наумоски. Рекордот на Пеце датира од 29 ноември 1997 година кога против Полска, во квалификациите за Еуробаскетот постигна 49 поени од вкупно 79 на нашата репрезентација.
Сепак, тогаш Македонија во Кале ја совлада Полска, додека вечерва не успеа да направи сензација во Клаипеда и покрај тоа што беше конкурентна до 34. минута.


