Актуелниот шампион на Германија, Баерн Минхен поведе со 2-1 во финалната серија со Алба откако вечерва на гостински терен победи со 91-83.
Со тоа „баварците“ го вратија брејкот од вториот меч кој се одигра во Минхен и сега му треба уште една победа за да дојде до нова титула. Четвртиот меч се игра на теренот на Алба и во случај на триумф на домаќинот, за шампионот ќе се одлучува во Баварија.
И вечерва, како и на вториот натпревар, во главна улога кај Баерн беше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ. На теренот помина 23 минути и за тој период постигна 19 поени со кои беше најефикасен играч на мечот и седум асистенции. Уште еднаш покажа дека е еден лидер на Баерн, заедно со капитенот Лучиќ и германскиот репрезентативец Обст.
Четвртиот натпревар се игра в петок, а евентуалната „мајсторка“ в недела во Минхен.


