Германскиот првак Баерн ја оствари четвртата победа во низа во Евролигата откако вечерва на домашен терен го совлада финалистот од лани Монако, со 91-82.
Со тоа и ја продлабочи кризата на францускиот тим кој ја има најлошата серија во Евролигата во моментов имајќи предвид дека денешниот пораз беше петти по ред. Баерн беше во предност безмалку цел натпревар, Монако имаше кратки блесоци, но кога германскиот тим поведе со 14 разлика во последната четвртина, стана јасно дека ќе ја однесе победата.
Монако го имаше расположениот Мајк Џејмс кој постигна повеќе од третина од поените на својот тим (30), но кај Баерн тие беа порамноправно распоредени. Петмина кошаркари имаа двоцифрен ефект, меѓу и нив и македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ кој стигна до 11, за помалку од 16 минути на теренот.
Баерн сега е на три победи од десеттото место на кое е токму Монако, но малкумина му даваат шанси да стигне до плејинот.


