Хапоел Тел Авив ја загуби челната позиција на табелата во Евролигата откако вечерва доживеа тежок пораз од Баерн на домашен терен со 64-79.
Резултатот е големо изненадување ако се знае дека германскиот првак е далеку во долниот дел од табелата, со минимални шанси да се вмеша во борбата за пласман меѓу најдобрите десет бидејќи и по овој триумф заостанува четири победи зад Црвена Звезда. Сепак, победата е апсолутно заслужена бидејќи со исклучок на првата четвртина, Баерн постојано го контролираше резултатот, во последниот период водеше и со 19 разлика.
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра уште еден забележителен натпревар, на теренот помина 18 минути и за тој период постигна 11 поени со што беше трет стрелец во својот тим.
РЕЗУЛТАТИ
Фенербахче – Анадолу Ефес 79-62
Хапоел – Баерн 64-79
Олимпијакос – Барселона 87-75


