По една година во Олимпија Милано, македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ се врати во ВТБ лигата и во новата сезона ќе го носи дресот на Зенит.
Тимот од Сант Петерсбург ќе ја отвори сезоната со настап во ВТБ Суперкупот и во ова натпреварување Димитријевиќ ќе го забележи дебито за Зенит. Суперкупот оваа сезона ќе биде неконвенционален бидејќи ќе се одржи во Белград, а на него ќе учествуваат само две руски екипи – Зенит и ЦСКА.
Останатите два учесника се Црвена Звезда и дебитантот во Евролигата, Дубаи. Токму против Дубаи, во полуфиналето на 24 септември, Димитријевиќ ќе го одигра својот прв официјален меч за Зенит.


