Шампионот на Германија, Баерн доживеа пораз во четвртиот натпревар од финалната серија во Бундеслигата откако вечерва загуби на гости кај Алба со 61-71.
Неверојатен тек имаше овој меч бидејќи гостите доминираа во првото полувреме, а потоа тотално се распаднаа. Откако го доби првиот дел со 45-42, Баерн во цело второ полувреме постигна само 16 поени (девет во третата, седум во последната четвртина), дозволувајќи ѝ со тоа на Алба да направи целосен пресврт и да дојде до втората победа во финалето.
Клучна се покажа серијата од 19-0 меѓу третиот и последниот периодсо која од негатива од пет разлика, Алба отиде на +14 за потоа само мирно да го приведе мечот кон крајот.
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ повторно беше најефикасен кај Баерн, но тоа ќе биде слаба утеха за него. За безмалку 26 минути во игра, плејмејкерот на баварскиот клуб постигна 14 поени со пет скока и две асистенции.
„Мајсторката“ за титулата во германското првенство се игра в недела од 18 часот на теренот на Баерн.


