Како што беше најавено пред неколку дена, македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ официјално се врати во Евролигата откако денеска потпиша договор со шампионот на Германија, Баерн Минхен.
Тој ќе игра за баварскиот клуб до крајот на оваа сезона и ќе биде замена за Спенсен Динвиди кој вчера го напушти Баерн поради семејни проблеми. За Димитријевиќ ова ќе биде втора шанса во Евролигата откако минатата сезона го носеше дресот на Олимпија Милано.

„Со Нено, го засилуваме нашиот состав на позиција каде што претрпевме неколку повреди и откако Спенсер не можеше да се врати. Како најкорисен играч во ВТБ лигата годините на развој во силната шпанска АЦБ и сезона во Милано, тој носи многу искуство во нашата ротација на бекови, заедно со неговата динамичност и моќ. Со нетрпение ја очекуваме неговата енергија, одбрана и неговата офанзивна способност да создаде решенија за себе и за другите“, изјави спортскиот директор на Баерн, Драган Тарлач.
На Баерн не му цветаат рози во Евролигата каде се наоѓа на 18. позиција на табелата со биланс 6/13, колку што има и последнопласираниот Партизан, но е убедлив лидер во Бундеслигата каде има шест бода повеќе од второпласираниот Вирцбург,


