Последните години постојано се зборува за наводен интерес на Партизан за македонскиот репрезентативец Ненад Димтријевиќ и тоа се повторува речиси секое лето.
Димитријевиќ минатата недела гостуваше во Белград каде се одржа ВТБ Суперкупот и стави крај на сите шпекулации на оваа тема.
„Да бидам искрен, никогаш немав шанса за трансфер во Партизан бидејќи никогаш не добив ни понуда оттаму. Приказната почна кога си заминав од Валенсија, но мене конкретно ништо не ми беше понудено. Знам дека тоа не е вистина и дека не постои никаква можност за трансфер“, рече Димитријевиќ.
Најупорни во оваа приказна се српските медиуми кои постојано тврдат дека Димитријевиќ бил на радарот на Партизан, а сето тоа го темелат на фактот што македонскиот репрезентативец е навивач на белградскиот клуб.


