Американскиот кошаркар Кајл Хајнс ја заврши својата играчка кариера со што го исполни она што го најави пред неколку недели.
Во пензија заминува со четири титули во Евролигата од кои две со ЦСКА и две со Олимпијакос. Освен за нив, играше уште и Бамберг, а последните четири сезони ги помина во Олимпија Милано.
Три пати беше прогласуван за најдобар дефанзивец во Евролигата, рекордер е по бројот на одиграни натпревари во елитното европско натпреварување, а секаде каде што играше, освојуваше национални титули.
Кога најави крај на кариерата пред неколку недели, Хајнс рече дека планира да почне тренерски да се усовршува, а веќе има покана да биде дел од стручниот штаб на еден НБА тим.


