Години наназад љубителите на кошарката не се задоволни од она што го нуди Ол стар натпреварот кој се претвори во апсолутно нетрактивен меч со многу трчање, но со малку вистинска борба.
Најдобар доказ за тоа беше последниот таков настан, одржан минатиот месец во Индијанаполис на кој беше соборен рекорд и постигнати речиси 400 поени, но со само три лични грешки што дури и ги изнервира оние кои долго ја следат НБА. За споредба, во 1993 година биле досудени дури 163 фаули, а победник беше Западната конференција со 135-132.
Ваквиот развој на настаните, како и се поголемиот број странци во НБА, ги принудија луѓето од НБА да размислуваат за нов модел на Ол стар натпреварот. Пред седум години го сменија мечот и не се играше Исток-Запад, туку Тим Леброн против Тим Кари или Јанис, но и тоа не донесе некое подобрување, па сезонава е вратен тој систем што, исто така, немаше резултат. Поради тоа, Чарлс Баркли предложи да се игра Америка против Свет за што синоќа зборуваше првиот човек на НБА, Адам Силвер.
„Многу размислувавме за тоа, постои таа опција. Она во Индијанаполис беше одличен викенд, но не беше кошаркарски натпревар. Сепак, можеби место обид да создадеме супер натпреварувачки дуел, за кој не сум сигурен дека тимовите и играчите се заинтересирани, треба да смислиме нови работи, нови натпреварувања, како она во кое учествуваа Кари и Сабрина.
Сигурно добро ќе го разгледаме дуелот САД-Свет, тоа не е спорно. Само мислам дека можеби ја поминавме таа фаза да имаме сериозен натпревар“, призна Силвер.
Тој додаде дека играчите повеќе не доаѓаат на Ол стар натпреварот за да играат сериозна кошарка, туку на тоа гледаат како одмор во средина од сезоната. Ако дојде до дуел меѓу САД и остатокот од светот, во иста екипа би заиграле Лука Дончиќ, Никола Јокиќ, Јанис Адетокунбо, Шеј Гилџес-Александер, Домантас Сабонис итн.


