Утре вечер почнува новата сезона во НБА лигата во која Далас Маверикс ќе се обиде да направи чекор понапред во однос на претходната и да ја освои шампионската титула.
Уште на стартот, во тимот ќе биде Лука Дончиќ кој се повреди на стартот на подготовките, не играше во претсезоната, но успеа да ја санира повредата и е подготвен за првиот меч. Мавс излегуваат на терен в среда навечер кога на домашен терен го пречекуваат Сан Антонио во дербито на Тексас.
На својот Инстаграм профил, Дончиќ објави фотографија како нормално тренира и со нетрпение го очекува почетокот на сезоната. Минатата натпреварувачка кампања тој беше најдобар стрелец во лигата и го одведе Далас во финалето од плејофот, но Мавс не успеаја да дојдат до втората титула во својата историја.


