Финалистот во АБА 2 лигата, ТФТ продолжува со формирањето на тимот за сезоната 2026/27.
Најново засилување за клубот од Тафталице Ален Луис, добро познато име во клубот. Американскиот кошаркар по две сезони повторно се враќа во редовите на ТФТ, каде што веќе настапуваше и остави позитивен впечаток. Во сезоната 2023/24, во дресот на македонскиот суперлигаш просечно постигнуваше по 10,2 поена, 3,8 скока и 3,4 асистемции.
Луис во ТФТ повторно пристигнува со интернационално искуство, а последната сезона ја мина во екипата на Нагетс, која се натпреварува во шампионатот на Нов Зеланд. Таму бележеше просек од 11 поени и 6,5 асистенции по натпревар.
Американецот треба да биде големо засилување за подмладениот тим на ТФТ кој одлучи делумно да ја смени политиката и да им даде шанса на млади кошаркари од земјава, претежно младински репрезентативци на Македонија.


