Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ е прогласен за МВП на месецот во Западната конференција, неполни 24 часа откако доживеа повреда која би можела да му ја заврши сезоната.
Ова е втора награда за играч на месецот за Дончиќ оваа сезона откако истата ја доби и во јануари. Сега немаше никакви дилеми дека ќе му припадне бидејќи во март беше едноставно неприкосновен во лигата.
Постигна вкупно 600 поени со што го собори рекордот на Лејкерс, во сопственост на Коби Брајант за најголем број поени во еден месец, реализира 60 на гостувањето кај Мајами и погоди за апобеда противн Денвер на домашен терен. Во март, Словенецот дури четири пати ја мина границата од 40 поени, а имаше серија од 13 натпревари на кои постигна 30 или повеќе.
Luka Dončić has been named NBA Western Conference Player of the Month pic.twitter.com/0cft1mfB9I
— Edwin Garcia (@ECreates88) April 2, 2026
Неговиот просек минатиот месец изнесуваше 37,5 поени, 8 скока, 7,4 асистенции и 2,3 украдени топки, а како резултат на тоа, Лејкерс го завршија март со биланс 15/2 што е најголем број победи на екипата во еден месец од март 2000 година.
За жал, сето тоа е уништено со синоќешната повреда која може да го остави Дончиќ надвор од трката за МВП на сезоната иако според прикажаното досега, апсолутно ја заслужува наградата. Во моментов тој е во исчекување на резултатите од прегледите по што треба да се знае за каква повреда станува збор и колку, евентуално, би паузирал.


