Љубителите на кошарката во Словенија се во очекување на конечната одлука на Лука Дончиќ, дали ќе игра за националниот тим во квалификациите за Олимписките игри.
Сепак, за генералниот менаџер на Далас, Нико Херисон нема дилема по ова прашање. Тој тврди дека Дончиќ ќе се појави на подготовките и потоа на турнирот во Пиреја, без оглед на повредите со кои играше цел плејоф.
„Тоа е негова најголема радост и задоволство. Се додека може да оди, тој ќе игра за Словенија“, тврди Херисон.
Словенците пред десетина дена ги почнаа подготовките за квалификацискиот турнир, се приклучи и натурализираниот репрезентативец Џош Нибо и сега сите се во очекувања на Дончиќ. Време многу нема бидејќи квалификациите почнуваат на 2 јули, а утре Словенците ќе стартуваат и со пријателски натпревари. Прв противник ќе биде Литванија, натпреварот се игра во Вилнус, на 25 јуни истиот ривал гостува во Љубљана, а генералната проба е на 28 јуни против Бразил во Љубљана.


