За разлика од првите четвртфинални натпревари од евролигашкиот плејоф кога само Реал победи на домашен терен, во вторите дуели, сите четири екипи кои играа пред своите навивачи остварија триумфи.
Вечерва тоа го направија Монако и Барселона кои израмнија на 1-1 против Фенербахче, односно Олимпијакос, но ќе мораат да направат барем еден брејк во следните два меча за да се изборат за продолжување на своите надежи.
Монако славеше со 93-88 во драматичниот дуел со Фенербахче, но малку недостасуваше да се најде во негатива од 0-2 во серијата. Турскиот тим влезе со +9 во последната четвртина, Монако направи пресврт и го презеде водството, но клучната тројка ја постигна Џордан Лојд на десетина секунди пред крајот за недостижно водство од 93-88 за неговиот тим.
Барса долго се мачеше против Олимпијакос за на крајот да оствари победа со 77-69. По фантастичната прва четвртина на домашниот тим (27-14), Олимпијакос целосно се врати во игра и во третиот период дојде и во предност. Сепак, во клучните моменти се расшутираа домашните кошаркари, Јокубаитис и Абринес почнаа да погодуваат од дистанца, Паркер беше на своето ниво и Барса дојде до посакуваната.
Нерешено е и во серијата меѓу Панатинаикос и Макаби, додека Реал има убедливо водство против Басконија со 2-0.