Оклахома и Лос Анџелес Лејкерс вечерва го играат првиот од двата дуела за краток период, а воведните 24 минути од натпреварот минува апсолутно во знакот на тимот од Калифорнија.
Гостите на овој меч водат со 78-56 по првото полувреме и навестуваат убедлив триумф на еден од најзначајните натпревари пред крајот на основниот дел од сезоната. Не треба да се заборави тоа дека Оклахома во моментов е најдобар тим во лигата со биланс 64/13 и одамна го обезбеди првото место во Западната конференција.
Најдобар играч во првото полувреме беше Лука Дончиќ кој постигна 22 поена, 5 скока и 3 асистенции. Шеј Гилџес Александер ја предводи Оклахома со 15 поени, но ќе му треба голема помош од соиграчите да ја стигне големата негатива.


