Петнаесетина дена откако загуби од Партизан во белградската Арена, Олимпијакос доживеа уште еден пораз на истото место, овојпат многу потежок.
Подобра од него беше Црвена Звезда која му одржа лекција на грчкиот вицешампион и го совлада со 87-73 за осма победа и осмо место на табелата во Евролигата. Клучна беше третата четвртина која Звезда ја почна со серија од 11-0, а ја доби со 28-15 и тогаш ја направи предноста која ѝ ја донесе победата.
Домаќините играа без Петрушев, Боломбој и Браун, но сепак имаа предност под кошевите и го искористија фактот што единствен центар во тимот на Олимпијакос беше Милутинов. Херои на Звезда беа Недовиќ со 18 и Калиниќ со 16 поени. Везенков оствари дабл дабл со 19 поени и 10 скока, но далеку зад него останатите играчи на Олимпијакос.
Грчкиот тим го претрпе третиот пораз во последните четири натпревари и сега е петтопласиран на табелата, додека Звезда е се поблиску до местата кои водат директно во плејофот.


