Суперѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ повеќе не е во конкуренција за признанието за најкорисен играч сезонава во НБА откако денеска го пропушти и 17. натпревар од основниот дел.
Со тоа не ја исполнува квотата за минимален број одиграни натпревари, а нема да биде во трка ни за изборот во некоја од најдобрите три петорки во сезоната. Дончиќ има повреда на листот која ја доживеа за време на божиќниот дуел против Минесота и докторите тврдат дека ќе отсуствува најмалку уште десетина дена.
Словенецот е уште еден од низата суперѕвезди во НБА кои отпаднаа од конкуренција за индивидуалните награди поради тоа што не ја исполнуваат квотата на одиграни натпревари, како Кавај Ленард, Жоел Ембид, Зајон Вилијамсон, Паоло Банкеро, Чет Холмгрен итн.
Во вакви услови, трката за МВП признанието се сведува на двајца, максимум тројца кошаркари: Шеј Гилџес-Александер, Никола Јокиќ и Јанис Адетокунбо.


