Најдобриот играч на Далас, Лука Дончиќ ја презеде одговорноста за поразот од Минесота во четвртиот натпревар од серијата поради кој Мавс испуштија шанса уште синоќа да се пласираат во големото финале на НБА.
Словенецот оствари трипл дабл со 28 поени, 15 скока и 10 асистенции, но ни тие не беа доволни да му донесе четврта победа на својот тим.
„Јас сум виновен за поразот бидејќи не донесов доволно енергија. Тие победија и ние мораме да се фокусираме на следниот натпревар“, изјави Дончиќ.
Петтиот меч од серијата се игра в петок рано наутро, од 2:30 часот во Минеаполис. Во големото финале веќе се пласира Бостон кој со 4-0 ја елиминира Индијана.


