По речиси цел ден молчење, Лука Дончиќ излезе во јавноста и преку социјалните мрежи упати порака до Далас Маверикс и навивачите по трејдот кој го однесе во Лос Анџелес.
Словенечкиот суперстар е нов член на Лејкерс каде ќе игра во тандем со Леброн Џејмс и ќе се обиде да ја освои првата титула во својата кариера.
„Пред седум години, дојдов тука како тинејџер за да си го остварам сонот да играм кошарка на највисоко ниво. Мислев дека тука ќе ја поминам кариерата и сакав да го освојам прстенот. Љубовта и поддршката која ми ја дадовте се повеќе од тоа што можев да сонувам. За младо момче од Словенија, кое првпат дојде во САД, направивте сè за во Тексас да се чувствувам како дома. Далас е специјално место, а навивачите на Далас се специјални. Ви благодарам од дното на срцето“, објави Дончиќ.


