Првата ѕвезда на Далас Маверикс, Лука Дончиќ синоќа доживеа повреда на листот на левата нога и ќе биде надвор од кошаркарските терени извесен период.
ЕСПН денеска објави дека тој ќе отсуствува „долго време“, не прецизирајќи колку точно е тоа. Во текот на денешниот ден се очекува на Дончиќ да му биде извршени дополнителни прегледи по што ќе се знае дијагнозата и времетраењето на паузата.
„Ова е лоша работа за сите нас. Се молиме Лука да има брза рехабилитација, но треба да се врати кога ќе биде подготвен за тоа“, изјави Кајри Ирвинг кој синоќа против Минесота постигна 39 поени.
Дончиќ досега одигра 22 од 30 натпревари на Далас и ако неговата пауза навистина биде подолга, тој ќе испадне од трката за МВП на сезоната затоа што се потребни најмалку 65 настапи за да влезе во конкуренција.


