Тренерот на Далас, Џејсон Кид е воодушевен од игрите и можностите на Лука Дончиќ кој сезонава, првпат по 13 години, го однесе тимот од Тексас во големото финале на НБА.
Својата восхитеност, поранешниот плејмејкер не ја криеше ни на прес-конференцијата по петтиот меч со Минесота кога Дончиќ го спореди со некои од најдобрите на сите времиња.
„Оваа сезона им даде до знаење на своите соиграчи дека е време за следниот чекор и дека мораат да напредуваат. Верувам дека тој е еден од најголемите и мислам дека е време да влезе во дебатата за најдобрите на сите времиња“, изјави Кид.
За Дончиќ ова ќе биде прво финале во НБА во кариерата, а ќе се обиде на Далас да му ја донесе првата титула по пауза од 13 години и вкупно втора во историјата на франшизата.


