Можеби Новак Ѓоковиќ навива за Црвена Звезда, но е сигурен дека Партизан ќе се пласира на завршниот турнир од Евролигата.
Најдобриот светски тенисер беше замолен да прогнозира кој ќе учествува на Ф4 во Берлин, а тој немаше дилема дека „црно-белите“ ќе стигнат дотаму. Интересно е тоа што Ѓоковиќ не верува во шпанските гиганти Реал и Барселона, но затоа е сигурен дека од Балканот ќе има уште две екипи – Олимпијакос и Панатинаикос. Последниот тим кој го очекува на Ф4 е Монако.
На три кола пред крајот на основниот дел од сезоната, Партизан уште не обезбедил место во плејинот и го очекува жестока борба со Олимпија Милано, Анадолу Ефес и Валенсија кои имаат ист биланс како него (14/17).