Суперѕвездата на Далас, Лука Дончиќ игра под огромен притисок во финалето од НБА лигата, предизвикан од повредите кои ги има на речиси секој дел од телото.
Најизразени се оние на десното колено и левиот скочен зглоб, но на вториот меч имал и на градниот кош. Поради тоа, морал да прими инјекција за суспендирање на болките по што се појави на теренот во ТД Гарден.
И покрај сето тоа што се случуваше, Дончиќ на тој втор натпревар оствари трипл дабл со 32 поени, 11 скока и 11 асистенции, но не му помогна на својот тим да победи.


