Најдобриот играч на Далас, Лука Дончиќ е неизвесен за настап на вториот дуел од финалната серија од НБА лигата против Бостон.
Според извештаите од американските медиуми, тој има повреди на коленото и зглобот, па на неколку часа пред натпреварот, многу поверојатно е да не игра, освен ако не стисне заби и биде во тимот со инјекции. Дека нешто не е во ред со Дончиќ, доказ се снимките од денешниот тренинг на кои се гледа дека тешко се движи и прави болни гримаси при вежбите од тренингот.
Бостон води со 1-0 во финалната серија, а вториот натпревар почнува во 2 часот по полноќ и се игра во ТФ Гарден.


