Тукушто влезе во посакуваната форма, Лука Дончиќ ќе мора повторно да паузира поради повреда на петата на левата нога.
Тој сигурно ќе го пропушти претстојниот меч против Лос Анџелес Клиперс, а можно е да паузира на уште еден натпревар. Дончиќ ги пропушти последните два тренинга на својата екипа и стручниот штаб одлучи да не го изложува на непотребен ризик да дојде до влошување на состојбата.
Покрај него, со проблеми се соочува и Кајри Ирвинг кој има повреда на рамото. Сезонава Дончиќ просечно постигнува по 28,9 поени, 8,6 скока и 8,2 асистенции на натпревар.


