Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ ќе го пропушти вечерашниот натпревар против Торонто во Канада бидејќи мораше итно да замине во татковината.
Причина за тоа е раѓањето на неговото второ дете поради што доби дозвола од раководството да отпатува во Љубљана. Дончиќ веќе има една ќерка, Габриела од врската со Анамарија Голтес, а девојчето наскоро ќе наполни две години.
Отсуството на словенечкиот ас ќе биде тешко да се надополни бидејќи тој сезонава е најдобар стрелец не само во тимот на Лејкерс, туку и во НБА лигата. Просечно постигнува по 35,3 поени, заедно со 8,9 скока и 8,9 асистенции на натпревар.


